Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) ВОЗЕЛ ВО СПРОТИВЕН ПРАВЕЦ НА ПАРТИЗАНСКА: Приведен во полиција 87-годишниот возач од Скопје
Полицијата го лиши од слобода 87-годишниот скопјанец снимен како вози во спротивен правец на булеварот „Партизански одреди“. Возилото е одземено.

Возачот кој беше снимен како управува патничко возило во спротивен правец на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е лишен од слобода. Од МВР информираат дека денеска, 21 ноември, полициски службеници од ПС ОН Карпош презеле мерки по објавеното видео на социјалните мрежи.
Утврден е идентитетот на возачот
По преземените активности било утврдено дека станува збор за И.Г. (87) од Скопје. Тој е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело според член 297-а став 1 од Кривичниот законик.
Возилото привремено одземено
Со лицето бил извршен разговор во просториите на полициската станица Карпош. Во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава, а возилото е привремено одземено за понатамошна постапка.

