Македонија

(ВИДЕО) ЕФТОВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО СРБИТЕ: Кога треба да земете пари, македонскиот јазик постои, кога не треба – не постои, СРАМ ДА ВИ Е!

(ВИДЕО) ЕФТОВ СО ОСТРА ПОРАКА ДО СРБИТЕ: Кога треба да земете пари, македонскиот јазик постои, кога не треба – не постои, СРАМ ДА ВИ Е!

Новинарот Васко Ефтов упати остри критики кон дел од српската јавност поради негирањето на македонскиот јазик и македонската нација. Во гостување во емисијата „Балканинфо“ во Белград, тој посочи дека дел од гостите во емисијата ја сметаат Македонија за непостоечка нација.

„50 отсто од гостите кои доаѓаат овде ја сметаат Македонија за непостоечка нација“, рече Ефтов. Тој посочи дека меѓу гостите има и автори кои преведувале книги од македонски јазик, што според него е противречно со нивните ставови.

„Кога треба да земете пари, тогаш постои македонски јазик и преведувате книги од српски на македонски јазик. А кога не треба да земете пари, тогаш не постои македонски јазик“, порача тој.

Ефтов нагласи дека во емисијата дошол за да зборува за македонско-српските односи, а не за Бугарите. „Балканинфо е место каде најмногу се негирал македонскиот јазик и македонската нација. Треба да ви биде срамота“, заклучи Ефтов, без влакна на јазикот.

Погледнете го видеото:

Целата емисија може да ја погледнете ТУКА.

Жан Митрев