Македонија
Дознај прв
Македонскиот јазик добива системска заштита: се формира Инспекторат и Национална стратегија
Министерството за култура најавува нови мерки за заштита на македонскиот јазик, вклучувајќи Инспекторат, Совет и Национална стратегија

По подолг период на застој, македонскиот јазик добива посериозна институционална грижа, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на надзорна расправа во Собранието.
Тој истакна дека се формира Инспекторат за македонски јазик, се планира Совет за јазикот, како и изработка на Национална стратегија за негов развој и заштита.
Љутков ги отфрли критиките дека нема интерес за ова прашање, нагласувајќи дека примената на Законот за употреба на македонскиот јазик е обврска на сите институции, а не тема за политички препукувања.
Според него, слабостите во системот се резултат на долгорочна институционална неажурност и недоследна примена на законските обврски.
Министерот порача дека целта е македонскиот јазик да добие силна и функционална институционална заштита, преку закони што навистина се спроведуваат и систем што работи во пракса.
