Македонија

ПОВЕЌЕ НЕМА НЕДОПИРЛИВИ: Странците ќе бидат санкционирани, Сејф Сити ќе ги бележи, полицијата ќе ги казнува

Системот Сејф Сити ги евидентира и прекршоците на возила со странски таблички. Возачите ќе бидат санкционирани од полициски пресретнувачи

ПОВЕЌЕ НЕМА НЕДОПИРЛИВИ: Странците ќе бидат санкционирани, Сејф Сити ќе ги бележи, полицијата ќе ги казнува

Системот „Сејф Сити“ ќе ги регистрира и сите сообраќајни прекршоци направени од возила со странски регистарски таблички, но во оваа фаза тие нема автоматски да добиваат казни преку електронскиот систем. Наместо тоа, прекршителите ќе бидат санкционирани од полициски службеници и пресретнувачи кои ќе ги запираат на терен, врз основа на информациите добиени од камерите.

Надлежните појаснуваат дека иако постапката за домашните и странските возила е различна, тоа не значи дека странските возачи ќе бидат изземени од контролите. Камерите непречено ќе ги евидентираат сите прекршоци, а податоците ќе им бидат достапни на полициските екипи кои ќе преземаат соодветни мерки на лице место.

Ваквиот начин на постапување е воведен сè додека не се создадат услови за целосна автоматска обработка и наплата на казните и за возилата регистрирани во странство. Во меѓувреме, институциите нагласуваат дека целта на проектот не е само казнување, туку и подобрување на сообраќајната култура, зголемување на дисциплината кај сите учесници во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни несреќи.