Спорт

(ВИДЕО) ШПАНИЈА ЈА СРУШИ ПОРТУГАЛИЈА ВО 91. МИНУТА: Мерино ја одведе „црвената фурија“ во четвртфиналето

Шпанија Португалија заврши 1-0, а Мерино со гол во 91. минута ја одведе „црвената фурија“ во четвртфиналето на Мундијалот.

(ВИДЕО) ШПАНИЈА ЈА СРУШИ ПОРТУГАЛИЈА ВО 91. МИНУТА: Мерино ја одведе „црвената фурија“ во четвртфиналето

Шпанија е новиот четвртфиналист на Светското првенство, откако во големото пиринејско дерби ја совлада Португалија со 1-0.

Натпреварот беше решен во самиот финиш, кога резервистите Феран Торес и Микел Мерино ја изиграа португалската одбрана, а фудбалерот на Арсенал со прецизен удар во 91. минута го матираше Диого Коста и донесе голема радост за Шпанија.

Првото полувреме донесе многу возбудувања и шанси на двете страни, но без голови. Шпанија се закани преку Ојарзабал, Ламин Јамал и Баена, додека Португалија возврати преку Кансело, Бруно Фернандеш, Кристијано Роналдо и Нуно Мендеш, кој ја погоди пречката пред паузата.

Во вториот дел темпото се намали, а дополнителен удар за Португалија беше повредата на Нуно Мендеш, кој дотогаш беше еден од најопасните играчи на теренот. Двете репрезентации играа претпазливо и изгледаше дека натпреварот ќе оди во продолженија, но Шпанија го зададе решавачкиот удар во судиското продолжение.

Со оваа победа „црвената фурија“ се пласираше меѓу најдобрите осум репрезентации на светот, а во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу САД и Белгија.