Свет

ТРАМП ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

Мир во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат, изјави Трамп по разговорот со Путин, додавајќи дека темата ќе се отвори и пред НАТО.

ТРАМП ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам дека војната во Украина може да се приближи кон крај, по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп изјави дека разговорите за ставање крај на војната се „многу поблиску отколку што луѓето мислат“, додавајќи дека и Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, според него, сакаат конфликтот да заврши.

„Имав многу добар разговор и мислам дека се приближуваме кон крајот“, порача Трамп за време на настан во Белата куќа во Вашингтон.

Американскиот претседател најави дека темата ќе биде отворена и пред НАТО, посочувајќи дека очекува разговори за можностите за прекин на војната. Според објавеното, неговата изјава доаѓа пред самитот на НАТО во Анкара.

Украина од февруари 2022 година се брани од руската инвазија, а во последниот период повторно беа регистрирани големи руски ракетни напади врз украински градови. Истовремено, Украина продолжува со напади врз рускиот нафтен сектор и врските меѓу Русија и Крим.

Иако Трамп зборува со оптимизам, засега нема официјален договор за прекин на огнот или конкретен мировен план.