Македонија
Дознај прв
МИЦКОСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА: „Единството не треба да ги негира, туку да ги почитува различностите“
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за 22 Ноември, истакнувајќи дека различностите треба да бидат вредност, а меѓусебната почит темел на заедништвото.

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, до сите припадници на албанската заедница. Во објава на Фејсбук, тој истакна дека јазикот, писмото и културното наследство се темелни вредности на секој народ и важен дел од неговиот идентитет. Според Мицкоски, нивното почитување не нè разделува, туку нè зближува и нè прави побогати како општество.
Различностите да бидат вредност, а не причина за поделби
Премиерот порача дека заедничка одговорност е градењето држава во која различностите ќе бидат вредност, еднаквоста принцип, а меѓусебната почит темел на заедништвото. Тој нагласи дека треба да се гради општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги почитува различностите.
Мицкоски – „Секој граѓанин да се чувствува еднакво почитуван“
„Општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво почитуван, прифатен и вреднуван“, напиша Мицкоски во честитката, која ја заврши со повторна честитка по повод Денот на албанската азбука.

