Македонија
Дознај прв
ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ: Вечерва и во текот на ноќта се очекува слаб дожд
Денеска променливо облачно со сончеви периоди и температури до 19 степени. Во вечерните часови се очекува слаб дожд во западните делови.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во вечерните часови и во текот на ноќта во западните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер, кој попладне наместа повремено ќе засилува и ќе биде претежно од јужен правец. Дневните температури ќе достигнат до 19 степени.
Какво време нè очекува во Скопје?
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Температурите низ државата
Минималните температури ќе се движат од -3 до 4 степени, додека максималните ќе достигнат од 15 до 19 степени. Во Скопје се очекува минимална температура од околу 1 степен и максимална до 19 степени.

