Македонија
Дознај прв
ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО СО ДОЖД И СНЕГ: Попладне се очекува засилен ветер со удари над 70 километри на час
Денеска променливо облачно со дожд, а на повисоките места и планините снег. Попладне се очекува силен северен ветер со удари над 70 km/h.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот, поради продор на постудена воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во дожд и снег, а на планините ќе има снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина над 70 километри на час.
Врнежи од дожд и снег во повеќе делови од земјата
Минималните температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 12 до 19 степени. Највисока дневна температура од 19 степени се очекува во југоисточните делови од земјата, додека во североисточниот регион максималната ќе биде околу 12 степени.
Во Скопје повремен дожд и засилен северен ветер
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, кој попладне во делови од котлината повремено ќе засилува и ќе биде од северен правец. Температурата ќе се движи од минимални 6 до максимални 16 степени.
