Македонија
Дознај прв
ДВЕ ОД ТРИ ДОМАЌИНСТВА ВО МАКЕДОНИЈА СЕ БЕЗ ДЕЦА: За десет години просечниот број деца е намален за 25 отсто
Евростат покажува дека 66,1 отсто од домаќинствата во Македонија немаат деца. Просечниот број деца по домаќинство за десет години е намален за 25 отсто.

Речиси две третини од домаќинствата во Македонија немаат деца, покажуваат податоците на Евростат за 2025 година. Од вкупно 595.600 домаќинства во земјава, 393.400 биле без издржувани деца, додека 202.200 имале деца. Тоа значи дека 66,1 отсто од домаќинствата се без деца, наспроти 33,9 отсто со деца. Дополнително, просечниот број деца по домаќинство за една деценија се намалил за 25 отсто – од 0,80 во 2015 година на 0,60 во 2025 година.
Македонија над европскиот просек според домаќинствата со деца
И покрај падот, Македонија има поголем удел на домаќинства со деца во споредба со европскиот просек. Во Европската Унија 76,6 отсто од домаќинствата се без деца, додека 23,3 отсто имаат издржувани деца. Просечната големина на домаќинствата во Македонија изнесува меѓу 3,1 и 3,2 члена, што е над просекот во ЕУ од околу 2,3 члена.
Сè помалку деца по домаќинство
Податоците укажуваат на промени во семејната структура во земјава, со намалување на просечниот број деца по домаќинство во последните десет години. Иако домаќинствата во Македонија се поголеми од европските во просек, трендот на намалување на бројот на деца останува евидентен.
View this post on Instagram

