Македонија

СОНЧЕВО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Температурата ќе се спушти до минус три степени

СОНЧЕВО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ: Температурата ќе се спушти до минус три степени

Времето денеска ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до -3 степени, додека максималната ќе достигне до 8 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Сончево време и во Скопје

Во Скопје времето ќе биде сончево и постудено, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Жан Митрев