Македонија
Дознај прв
ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“: Одбраната денеска ќе сослушува нови сведоци
Во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Денеска треба да сведочат вработена во дискотеката, пиротехничар и други лица.

Судењето за трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжува денеска во судницата во затворот „Идризово“, со сослушување сведоци предложени од одбраната. За денешното рочиште најавено е сведочење на вработена во дискотеката, пиротехничар, соработник на групата ДНК и вработен во противпожарната служба, како и лица поврзани со уредувањето и работењето на објектот. На претходното рочиште сведочеа ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов и столарот Сашко Зафиров, кој изведувал работи во дискотеката во 2012 и 2024 година.
Нови сведоци предложени од одбраната
На претходното рочиште пред судот исказ даде Магдалена Јованова, ќерка на првообвинетиот, како и столарот кој учествувал во внатрешното уредување на објектот. Денешното рочиште продолжува со сведоци чии искази се однесуваат на различни аспекти од работењето, уредувањето и безбедноста на дискотеката.
Во „Пулс“ загинаа 63 лица
Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година, при што загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Судењето за трагедијата започна на 19 ноември 2025 година.

