Македонија

СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ ПРОДОЛЖУВА: Вештаците откриваат како незаконски била пренаменета дискотеката

На судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува распитот на градежните вештаци, кои посочија дека дискотеката била незаконски пренаменета.

СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ ПРОДОЛЖУВА: Вештаците откриваат како незаконски била пренаменета дискотеката

Нови детали за Пулс

Судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ денеска продолжува со изведување на наодите од градежното вештачење и распит на вештите лица. Во пожарот на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште вештаците посочија дека објектот бил незаконски пренаменет од индустриски објект во дискотека, спротивно на урбанистичкиот план. Според вештачењето, во објектот биле поставени и прегради од гипс-картон и врати кои претставувале сериозна пречка за евакуација.

Објектот не смеел да биде дискотека

Вештаците посочиле дека според урбанистичката документација, локацијата на која функционирал „Пулс“ била наменета за лесна индустрија и мало стопанство, а не за угостителски објект. Според нив, од 2012 година дел од објектот почнал да се користи како дискотека/кабаре, што било спротивно на планот и законската регулатива. Било посочено и дека Општина Кочани имала надлежност да контролира дали објектот се користи согласно одобренијата. Со денешното продолжение треба да заврши изведувањето на доказите од Обвинителството, по што постапката ќе продолжи со следните фази.