Македонија

(ВИДЕО) ФИЛМОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ НА САРАЕВСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ: „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера синоќа во Сараево. Филмот ја отвора приказната за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади луѓе.

(ВИДЕО) ФИЛМОТ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ НА САРАЕВСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ: „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера

Долгометражниот документарен филм „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера на 16 август во рамки на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот е дел од официјалната натпреварувачка програма во категоријата документарен филм и ја отвора приказната за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, во која животот го загубија 63 млади луѓе.

Манчевски во филмот им дава простор на преживеаните, на луѓето кои помогнале и на оние кои директно се соочиле со последиците од пожарот. Пристапот е воздржан и минималистички, без сензационалистичко прикажување на трагедијата.

Филмот е реализиран со поддршка и во соработка со „Support Kochani“. Продуциран е преку „Банана филм“ со приватни средства на Манчевски. „Добри луѓе“ е неговиот осми долгометражен филм и прв документарец, а трае 86 минути. На Сараевскиот филмски фестивал филмот се натпреварува за наградата „Срцето на Сараево“ за најдобар долгометражен документарен филм, категорија која е квалификациска за Оскар.

„Добри луѓе“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера веќе ја освои сараевската публика. Потресната приказна за Кочани допре до луѓе од целиот свет.