Македонија
Дознај прв
МАГЛА СО ВИДЛИВОСТ ДО 60 МЕТРИ НА ПАТОТ КОН ПОПОВА ШАПКА: На експресниот пат Штип–Радовиш ќе има наизменичен сообраќај
АМСМ предупредува на намалена видливост поради магла на патот Лисец–Попова Шапка. На експресниот пат Штип–Радовиш ќе има наизменичен сообраќај.

Намалена видливост поради магла од 50 до 60 метри е регистрирана на патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по претежно суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Градежни активности на патот Штип–Радовиш
Од денеска, 24 ноември, на експресниот пат Штип–Радовиш, во близина на клучката Бучим, ќе се изведуваат градежни активности за замена на оштетена еластомерна дилатација на мостот на километар 26+913. Поради работите ќе бидат поставени семафори, а сообраќајот ќе се одвива наизменично, информира подружницата на „Страбаг“ во Скопје.
АМСМ предупредува на можни одрони
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебно внимание се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои можност од одрони, особено на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

