Регион

ДВОЈНО УБИСТВО ВО АЛБАНИЈА: Застрелани чичко и внук во дворот на семејниот дом

Вооружени напаѓачи убиле чичко и внук во семејниот двор во Фиер, Албанија. Полицијата трага по сторителите и проверува можна криминална пресметка.

ДВОЈНО УБИСТВО ВО АЛБАНИЈА: Застрелани чичко и внук во дворот на семејниот дом
AP Photo/Hektor Pustina

Двајца мажи, чичко и внук, биле убиени во вооружен напад во градот Фиер, Албанија. Напаѓачите вчера ги застрелале во дворот на нивниот семеен дом, по што побегнале со автомобил. Селами Хасани, познат и под прекарот „Сел Чами“, починал на местото на нападот, додека неговиот 47-годишен внук Јакуп Хасани им подлегнал на повредите во болница. Полицијата трага по сторителите, а во селото Дерменас било пронајдено запалено возило за кое се сомнева дека било користено при нападот.

Чичко кој бил осуден на 25 години затвор

Според локалните медиуми, Селами Хасани имал криминално досие и бил осуден на 25 години затвор за убиството на Јулијан Исуафај, внук на Арбен Исуафај, кој важел за една од влијателните фигури во криминалното подземје во Фиер. Медиумите наведуваат дека Хасани бил пуштен од затвор само една недела пред да биде убиен, откако отслужил 11 години од казната.

Се проверува можна поврзаност со криминални пресметки

Истражителите работат на расветлување на двојното убиство и проверуваат дали нападот е поврзан со стари пресметки меѓу ривалски криминални групи. Засега нема официјална потврда за мотивот, ниту информации за идентитетот на напаѓачите.

 

ОЗНАКИ: албанија
Жан Митрев