Македонија

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ: „Ниту една повеќе“ повикува на собир во паркот „Жена борец“

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска во 17 часот организира протестен марш против насилството врз жените и фемицидите во Македонија.

ПРОТЕСТЕН МАРШ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ ДЕНЕС ВО СКОПЈЕ: „Ниту една повеќе“ повикува на собир во паркот „Жена борец“

Иницијативата „Ниту една повеќе“ денеска, на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и девојчињата, организира протестен марш во паркот „Жена борец“ во Скопје. Протестот е организиран како реакција на зачестените случаи на семејно насилство и фемициди во земјата. Собирот е најавен за 17 часот, а организаторите ги повикаа граѓаните масовно да се приклучат и да испратат порака до институциите.

Ниту една повеќе – „Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат“

„Се среќаваме на единственото место каде прави смисол да бидеме заедно, на улица, во протестна борба за женските животи“, порачаа од иницијативата – Ниту една повеќе. Организаторите повикаа на учество на граѓаните, нивните семејства, пријатели, колеги и соседи, нагласувајќи дека протестот е заедничка борба против насилството врз жените.

Повик учесниците да понесат и грутка земја

Од иницијативата побараа секој учесник, покрај свирче и батериска ламба, да понесе и грутка земја. „На протестот ќе валкаме раце. Културно-уметничка група на активистки подготвува не-симболична перформативна акција на крајот на протестот“, се наведува во повикот на организаторите.

Жан Митрев