Свет
Дознај прв
МИЦКОСКИ ПО САМИТОТ ЕУ – ЗАПАДЕН БАЛКАН: „Ќе се бориме за она што е наш аргумент“
По Самитот ЕУ – Западен Балкан, Мицкоски најави продолжување на реформите, очекувано зголемување на средствата и проектот „Roam like at home“.

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ – Западен Балкан, порачувајќи дека Македонија ќе продолжи да се бори за своите интереси и аргументи на европскиот пат. Тој најави и дека продолжуваат проектите од реформската агенда, а посочи дека земјата очекува зголемување од 10 проценти на средствата во однос на досега добиените 750 милиони евра. Мицкоски нагласи дека посветеноста на реформите останува и дека фокусот треба да биде на заслугите и постигнатите резултати.
Најавен проектот „Roam like at home“
Мицкоски го најави и проектот „Roam like at home“, со кој македонските граѓани ќе можат да разговараат телефонски во земјите од ЕУ по цени како да се наоѓаат дома. Тој посочи дека Македонија продолжува да испорачува проекти што се дел од реформската агенда и порача дека во претстојниот декемвриски период земјата треба да ги покаже најдобрите резултати.
Мицкоски: „Ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани“
„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани“, изјави Мицкоски. Премиерот најави и дека ќе учествува на собраниската седница за пратенички прашања.

