Македонија

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО МАКЕДОНЦИ ОД СРБИЈА: „Македонија секогаш ќе биде дом за сите Македонци“

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонци од Србија и порача дека државата ќе ги поддржува зачувувањето на идентитетот и врските со дијаспората.

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО МАКЕДОНЦИ ОД СРБИЈА: „Македонија секогаш ќе биде дом за сите Македонци“

Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со претставници на македонската заедница од соседна Србија. По средбата, преку објава на Фејсбук, тој порача дека македонскиот јазик, културата, традицијата и чувството на припадност претставуваат нераскинлива врска со татковината, без оглед на државните граници. Мицкоски истакна дека обврска на државата е да ги негува и зацврстува врските со Македонците насекаде во светот.

Поддршка за зачувување на македонскиот идентитет

Премиерот нагласи дека државата треба да го поддржува зачувувањето на македонскиот идентитет и да гради мостови на пријателство и соработка со соседните земји. Според него, врските со Македонците надвор од државата треба постојано да се негуваат и зајакнуваат.

„Македонија е дом за сите Македонци“

„Македонија е и секогаш ќе биде дом за сите Македонци“, порача Мицкоски во својата објава по средбата.

Жан Митрев