Хроника

МВР ПРОВЕРИ РЕЧИСИ 4.000 ВОЗИЛА ВО МЕЃУНАРОДНА ОПЕРАЦИЈА: Одземени 67 автомобили, приведени две лица

Во меѓународната операција „CARBACK II“ во Македонија биле проверени 3.944 возила, одземени 67 автомобили и лишени од слобода две лица.

МВР ПРОВЕРИ РЕЧИСИ 4.000 ВОЗИЛА ВО МЕЃУНАРОДНА ОПЕРАЦИЈА: Одземени 67 автомобили, приведени две лица

Министерството за внатрешни работи учествуваше во меѓународната оперативна акција „CARBACK II“, организирана од ИНТЕРПОЛ, во која биле проверени 3.944 возила, одземени 67, а две лица биле лишени од слобода. Операцијата се реализирала од 28 септември до 9 октомври 2026 година, со цел сузбивање на криминалот поврзан со моторни возила, кражби, криумчарење и недозволена трговија. Акцијата била насочена и кон откривање возила поврзани со осигурителни, лизинг и други финансиски измами, како и разбивање организирани криминални групи.

Најголем дел од возилата одземени поради сомнение за криумчарење

Од вкупно 67 одземени возила, дури 55 биле одземени поради сомнение за прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Три возила биле одземени поради сомнение за фалсификување исправи, односно фалсификуван број на шасија (VIN), четири поради царински прекршоци, а две биле предмет на меѓународна потрага од Германија поради измами со лизинг и затајување. Дополнително, едно возило било одземено поради затајување, едно поради користење регистарски таблички од друго возило, а едно поради сомнение за оштетување туѓи права.

Контролирани и 17 компании за продажба на возила

Паралелно со полициските контроли, биле спроведени координирани инспекциски надзори во 17 правни субјекти кои вршат продажба на возила и половни автомобилски делови. При овие надзори биле контролирани 809 возила, од кои 59 биле одземени. Во операцијата учествувале повеќе организациски единици на МВР, како и Царинската управа, Управата за јавни приходи и државните инспекторати за труд, пазар и животна средина. Од МВР велат дека со акцијата се унапредува меѓународната и меѓуинституционалната соработка во откривањето и сузбивањето на организираниот и прекуграничниот криминал.

ОЗНАКИ: мвр
Жан Митрев