Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) КРАЈ ЗА РОАМИНГ СО ЕУ: Македонските граѓани ќе разговараат без дополнителни трошоци со цела Европа

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Брисел соопшти дека македонските граѓани многу скоро ќе можат да разговараат и да користат мобилни услуги во земјите на Европската Унија (ЕУ) без дополнителни трошоци за роаминг. Тој истакна дека Македонија е првата земја од Западен Балкан која го завршила процесот за вклучување во европската иницијатива „Roam Like at Home“.
Оваа иницијатива предвидува граѓаните да можат да користат мобилни услуги во земјите на ЕУ под исти услови како во својата матична земја, односно без дополнителни трошоци за повици, СМС-пораки и мобилен интернет. За оваа можност претходно информираше и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој најави дека Македонија работи на приклучување кон европската зона за роаминг.
Европската комисија претходно ги отвори преговорите за проширување на системот „Roam Like at Home“ со земјите од Западен Балкан. Мицкоски најави дека македонските граѓани ќе ги почувствуваат придобивките многу скоро, а ваквата мерка според претходните најави се очекува во првите месеци од 2027 година.
View this post on Instagram

