Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО БЛИЗИНА НА КАИРО: Најмалку 30 загинати и 21 повреден по експлозија на цистерна со гориво

Најмалку 30 лица загинаа, а 21 се повредени во тешка несреќа во египетската провинција Гиза кај Каиро, откако цистерна која превезувала нафтени деривати се превртела и предизвикала голем пожар. Несреќата се случила на обиколницата околу Каиро, во населбата Ал Варак, во близина на тунел. Според египетските власти, пожарот се проширил и зафатил повеќе од 20 автомобили и мотоцикли. На местото на несреќата биле испратени 39 амбулантни возила, а повредените биле пренесени во блиските болници. Надлежните започнале истрага за утврдување на околностите под кои се случила несреќата, а се врши и ДНК-идентификација на дел од загинатите. Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси изразил сочувство до семејствата на жртвите, додека здравствените власти предупредиле дека бројот на настрадани е прелиминарен.
View this post on Instagram

