Спорт
Дознај прв
РАСЧИСТЕНО УБИСТВОТО КАЈ СМIЛКОВСКО ЕЗЕРО: Уапсен 38-годишен скопјанец, поднесена кривична пријава
МВР уапси 38-годишен скопјанец за убиството на маж чие тело беше пронајдено кај Смилковско Езеро. Поднесена е кривична пријава, мотивот засега е непознат.

Министерството за внатрешни работи го расчисти убиството кај Смилковско Езеро во Скопје, а осомничен е 38-годишниот Б.Ј. од Скопје, кој вчера бил лишен од слобода. Денеска против него е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривичното дело „убиство“. До осомничениот полициските инспектори дошле по серија оперативни сознанија, а во службениот разговор тој го појаснил и начинот на извршување на делото, информираат од МВР.
Телото било пронајдено покрај скопската обиколница
Случајот бил пријавен на 21 ноември, откако случаен минувач на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци, забележал безживотно тело на маж. При полицискиот увид било утврдено дека станува збор за 38-годишниот Ш.Е. од скопското село Љубин, на чие тело била констатирана прострелна рана во пределот на ногата. Во непосредна близина бил пронајден и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој претходно го управувал починатиот.
Мотивот за убиството засега е непознат
По целосното документирање на случајот, полицијата во координација со Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против Б.Ј. Засега не се соопштува мотивот за убиството, ниту каков бил односот меѓу осомничениот и починатиот.

