Свет

ТРАМП СО ОСТРА ПОРАКА ДО ИРАН: Армијата добила наредба за напад во случај на обид за атентат

Трамп изјави дека армијата добила наредба да нападне цели во Иран ако Техеран се обиде да изврши атентат врз него.

ТРАМП СО ОСТРА ПОРАКА ДО ИРАН: Армијата добила наредба за напад во случај на обид за атентат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ѝ наредил на армијата да биде подготвена за напад врз Иран доколку Техеран се обиде да изврши атентат врз него. Според неговата објава на Truth Social, наредбата ќе остане во сила една година, со можност да биде продолжена.

„Илјада ракети се насочени кон Иран“

Трамп тврди дека САД веќе имаат распоредено „илјада ракети“ насочени кон Иран, а уште илјадници, како што наведе, биле подготвени веднаш да следат. Тој порача дека секој обид за напад врз него би предизвикал силен американски одговор и дека во таков случај ирански цели би биле „уништувани“. Изјавата доаѓа во период на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран и по наводи за можни закани кон американскиот претседател.

Вашингтон и Техеран остануваат во тензични односи

Темата за можен ирански заговор против Трамп се поврзува со долгогодишните тензии по американскиот напад во 2020 година во кој беше убиен иранскиот генерал Касем Солејмани. Американски медиуми претходно објавија дека Израел споделил разузнавачки информации со САД за можен нов ирански план за атентат врз Трамп. Засега нема официјална потврда дека таков напад е извршен, но изјавите на Трамп повторно ја отворија темата за можен воен одговор и безбедносните ризици во односите меѓу САД и Иран.

 

Жан Митрев