Македонија

(ВИДЕО) ПОЖАР НА ПАДИНИТЕ НА ОГРАЖДЕН: Огнената стихија се приближува до црквата „Св. Петар и Павле“

Шумски пожар избувна во атарот на Бајково, на падините на Огражден. Загрозена е црквата „Св. Петар и Павле“, а најавено е ангажирање два авиони.

(ВИДЕО) ПОЖАР НА ПАДИНИТЕ НА ОГРАЖДЕН: Огнената стихија се приближува до црквата „Св. Петар и Павле“

Шумски пожар денеска околу 16:30 часот избувнал во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Поради опасноста од брзо ширење на огнот, загрозена е и црквата „Св. Петар и Павле“.

Пожарникари и доброволци ја бранат црквата

На терен интервенираат струмичките пожарникари, доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“, како и неколку граѓани. Нивните активности се насочени кон локализирање на пожарот и спречување на пламените јазици да стигнат до верскиот објект.

Најавена помош од два „Ер трактори“

Поради зголемената опасност, било најавено ангажирање на два противпожарни авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување. Воздушната поддршка треба да им помогне на екипите и доброволците кои на терен се борат со огнената стихија и ја заштитуваат црквата.

 

 

ОЗНАКИ: пожар
Жан Митрев