Македонија
Дознај прв
ДРАМА КАЈ „КАМЕНИ КУКЛИ“: Британец фрлал камења кон даночни контролори, Обвинителството бара притвор
Британски државјанин е осомничен дека со камења нападнал даночни контролори и нивното возило кај „Камени Кукли“.

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин, осомничен дека спречувал службени лица во извршување службено дејствие. Инцидентот се случил на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратовско.
Со камења кон контролорите и службеното возило
Според Обвинителството, двајца даночни контролори вршеле контрола поврзана со претходно поставени ознаки за привремена забрана за вршење дејност. Осомничениот почнал да фрла камења кон нив и кон службеното возило, поради што контролорите го напуштиле локалитетот и не успеале да ја завршат контролата.
Уапсен во „КАМЕНИ КУКЛИ“, предложен е притвор
Полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. од Велика Британија во комплексот Куклица. По процена на околностите, јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово доставил предлог за определување мерка притвор. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
