Македонија

АПЕЛ ОД ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање – ќе се прогласи епидемија

АПЕЛ ОД ИЈЗ: Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање – ќе се прогласи епидемија

Загадена и незбедна вода за пиење во Гостивар. Водата во Гостивар не треба да се користи за пиење ниту по превривање. Институтот за јавно здравје со препорака кога станува збор за вода за пиење и подготовка на храна, препораките се да не се користи вода од градскиот водовод.

„Ние сме во комуникација со Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Тетово и денеска ќе се донесе соодветна одлука за пријавување епидемија на заразна болест. Мерките за контрола и превенција цело време се спроведуваат од сите надлежни институции, а пријавување на епидемија би значело подобра комуникација и координација на сите чинители“, кажа Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Небезбедната вода може да биде извор на бактериски, вирусни и паразитарни инфекции што предизвикуваат гастроентеритиси. Јавноста ќе биде навремено ивестена за сите детали и официјалното укинување на забраната.