Скопје
Дознај прв
ПО САМО ЕДЕН ДЕН: Отстранет билбордот „Добредојдовте во Скопје“ од влезот на градот
Билбордот „Добредојдовте во Скопје“ е отстранет по само еден ден и бројните критики за грешките и изгледот на дизајнот.

Билбордот со пораката „Добредојдовте во Скопје“, кој беше поставен на еден од влезовите во главниот град, денеска е отстранет. Тој остана на своето место само еден ден, откако неговиот изглед предизвика бројни реакции и критики во јавноста.
Критики поради грешки во дизајнот
На социјалните мрежи граѓаните реагираа дека при изработката била употребена вештачка интелигенција и дека дел од препознатливите симболи на Скопје не биле реално прикажани. Меѓу забелешките беа посочени погрешно претставени објекти, како и низа необични детали во дизајнот на билбордот.
Нема официјално објаснување од Град Скопје
Со реакции се огласија и претставници на Левица и ДУИ, кои упатија критики за изгледот и содржината на пораката. Граѓани денеска информираа дека билбордот веќе го нема на локацијата на која беше поставен. Од Град Скопје засега нема официјална информација кој го изработил билбордот, кој донел одлука да биде отстранет и кои се причините за неговото повлекување.

