Спорт
Дознај прв
РЕВОЛТ КАЈ ГЛЕДАЧИТЕ: Проблеми со звукот и преносот на „Арена Спорт Македонија“ за време на финалето

Голем број гледачи реагираа поради проблеми со звукот и преносот на „Арена Спорт Македонија“ за време на финалето на Светското првенство во 2026 година кое се одвива во моментов. Според нивните реакции, во текот на преносот се појавиле технички проблеми кои го нарушиле следењето на еден од најгледаните спортски настани. Дел од гледачите тврдат дека во позадина можело да се слушне и ѕвонење на телефони. Револтиран гледач јавно праша како е можно вакви пропусти да се случуваат токму за време на големото финале. Тој упати остри критики до телевизијата и побара поголема професионалност при реализацијата на преносот. Реакциите брзо се проширија на социјалните мрежи, каде што корисниците го изразуваа своето незадоволство. Засега „Арена Спорт Македонија“ се нема огласено за проблемите.
Погледнете повеќе од коментарите под нашата објава:
