Свет
Дознај прв
(ВИДЕО) СПОРЕДБА ШТО ПРЕДИЗВИКА РЕВОЛТ: На српската „Арена“ шоу на полувремето, на македонската – реклами

Револтот кај македонските љубители на спортот продолжува по проблемите со преносот на големото финале. Додека на српската „Арена спорт“ се емитуваше шоуто организирано за време на полувремето, на македонската верзија од каналот се прикажуваа реклами. Нашите гледачи само половично го следеа шоуто на полувремето. До редакцијата на 24часа пристигна снимка на која истовремено може да се види што се емитувало на двата канали. Ова предизвика дополнителни реакции кај гледачите, кои очекувале да ја проследат целата програма од финалето. Претходно, во текот на првото полувреме, на македонската „Арена“ имаше и проблеми со звукот. Во позадина се слушаа гласови и телефонски разговори, поради што повеќе гледачи јавно го изразија своето незадоволство
Еве го видеото каде се гледа дека на телефонот се гледа македонската „Арена“ каде има реклами, а на српската оди шоуто на полувреме.
