Магазин
Дознај прв
ДЕНЕСКА СЕ СЛАВИ СВЕТИ ПРОКОПИЈ: Од гонител на христијаните станал голем заштитник на верата
Православните верници денеска го слават Светиот великомаченик Прокопиј, кој ја прифатил христијанската вера и останал истраен во неа.

Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Прокопиј. Тој е роден во Ерусалим и првично го носел името Неаниј, а по смртта на неговиот татко бил воспитуван според римските пагански обичаи. Кога пораснал, царот Диоклецијан го примил во војничка служба и му доверил висока должност.
Настан што целосно му го променил животот
Во периодот на прогоните на христијаните, Неаниј бил испратен со војска кон Александрија. Според црковното предание, за време на патувањето доживеал божествено јавување и пред него се појавил светол крст. Овој настан целосно го променил неговиот живот, по што тој ја прифатил христијанската вера и одбил да ги прогонува христијаните.
По враќањето во Ерусалим, тој и соопштил на својата мајка дека станал христијанин. Подоцна бил изведен пред суд, каде што се откажал од војничката положба и јавно ја потврдил својата вера.
Го добил името Прокопиј
Според житието, додека се наоѓал во затвор го добил името Прокопиј и продолжил да ги поучува другите во христијанската вера. Неговата истрајност и посветеност го направиле еден од почитуваните светители во православната традиција. Свети Прокопиј пострадал во Кесарија Палестинска во 303 година, а неговиот спомен и денес се одбележува со молитви и богослужби.
