Македонија

Црвениот крст отвори сметка за донации за Гостивар

Црвениот крст отвори сметка за донации за семејствата погодени од загадувањето на водата во Гостивар и повика на хуманост и солидарност.

Црвениот крст отвори сметка за донации за Гостивар

Црвениот крст е на терен

Црвениот крст отвори сметка за донации преку која граѓаните и компаниите можат да им помогнат на жителите на Гостивар погодени од загадувањето на водата за пиење. Од организацијата велат дека голем број семејства се соочуваат со последици врз здравјето и секојдневниот живот. Екипите на Црвениот крст се на терен и спроведуваат активности за поддршка на погоденото население. Хуманитарните активности ќе продолжат и во наредниот период, со цел помошта да стигне онаму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за семејствата.

Сметки за донирање

Донациите во денари може да се уплатат на сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст: 300000001327966, даночен број 4030984271620, во Комерцијална банка, со назнака: „Помош за настраданите граѓани во Гостивар“. За донации во странска валута е објавен IBAN MK07300701000001228 и SWIFT-код KOBSMK2X. Од Црвениот крст ги повикаа граѓаните заеднички да покажат хуманост, солидарност и заедништво. Собраните средства ќе се користат за обезбедување неопходна помош и полесно надминување на последиците од состојбата.