Скопје

ОД 1 СЕПТЕМВРИ НОВА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА: Се уредува училиштето „Димитар Македонски“

Општина Аеродром го адаптира ООУ „Димитар Македонски“ во Лисиче за воведување едносменска и целодневна настава од 1 септември.

ОД 1 СЕПТЕМВРИ НОВА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАВАТА: Се уредува училиштето „Димитар Македонски“

Општина Аеродром спроведува градежни активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче, со цел да создаде услови за воведување едносменска настава од 1 септември. Градоначалникот Дејан Митески извршил увид во работите што во моментов се спроведуваат во училиштето. Новата организација е во согласност со насоките и препораките на Министерството за образование и наука.

Постарите ученици ќе учат во прва смена

Според предвидениот модел, учениците од шесто, седмо, осмо и деветто одделение ќе ја посетуваат наставата во прва смена. Учениците од прво до трето одделение ќе бидат опфатени со целодневна настава, додека четвртоодделенците и петтоодделенците ќе ротираат во прва и втора смена.

Моделот веќе функционира во друго училиште

Од Општина Аеродром посочуваат дека ваквиот модел веќе успешно е воведен во ООУ „Александар Македонски“. Со адаптацијата на „Димитар Македонски“, истите услови треба да им бидат овозможени и на учениците од Лисиче. Активностите треба да завршат навреме за новата организација на наставата да започне на 1 септември.

Жан Митрев