Магазин

ВИДЕО – ХЕРАКЛЕЈА ОДЕКНУВАШЕ СО МАКЕДОНСКА ПЕСНА: Спектакл на Миладиноски пред повеќе од 2.500 посетители

Античкиот локалитет Хераклеја во Битола беше домаќин на музички спектакл на Влатко и Златко Миладиноски, на кој присуствуваа повеќе од 2.500 посетители.

ВИДЕО – ХЕРАКЛЕЈА ОДЕКНУВАШЕ СО МАКЕДОНСКА ПЕСНА: Спектакл на Миладиноски пред повеќе од 2.500 посетители

 

Античкиот локалитет Хераклеја во Битола беше домаќин на музички спектакл на Влатко и Златко Миладиноски, на кој присуствуваа повеќе од 2.500 посетители. Публиката од Битола и од други градови ширум Македонија во еден глас ги пееше познатите македонски народни песни. Влатко настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски и повеќе од 30 музичари, кои создадоа богат и впечатлив звук. Како специјални гости настапија Спасен Сиљаноски, Дамјан Стојаноски и Дарко Стојаноски, како и македонски уметници од Егејска Македонија. Особено впечатливи беа моментите кога целиот антички театар пееше како еден голем хор. По успешните концерти во Охрид и Скопје, Влатко Миладиноски ја продолжи својата музичка приказна и во Битола. Концертот во Хераклеја беше празник на македонската песна, култура и традиција, кој на публиката ѝ приреди вечер за паметење.