Свет
Дознај прв
ТРАМП ГИ СОПРЕ ПЛАНИРАНИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН: Бара брз договор и целосно отворање на Ормускиот Проток
Доналд Трамп ги запре планираните напади врз Иран за да се постигне брз договор што предвидува отворање на Ормускиот Проток.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги запрел планираните воени напади врз Иран за да се даде простор за брзо постигнување нов договор. Според него, одлуката била донесена по барање на Иран и на повеќе земји од Блискиот Исток, а рамката на можниот договор веќе била утврдена. Трамп тврди дека клучните услови се целосно и итно отворање на Ормускиот Проток и ставање крај на иранската нуклеарна закана.
Израел се согласил нападите да бидат запрени
Одлуката за сопирање на воената акција, според Трамп, била координирана и со Израел, кој се согласил да им даде шанса на дипломатските напори. Американските и израелските сили претходно наводно подготвувале интензивни напади врз иранската енергетска инфраструктура. Регионалните сојузници на Вашингтон предупредувале дека нова ескалација може да предизвика ирански напади врз енергетските објекти во земјите од Заливот.
Иран ги оспорува тврдењата на Трамп
Иранската страна, сепак, негира дека побарала запирање на нападите и тврди дека останува во висока воена готовност. Техеран предупреди дека на секој нов напад ќе одговори решително, додека посредниците продолжуваат со обидите за постигнување договор. Односите меѓу САД и Иран повторно се влошија откако претходниот прекин на огнот пропадна, а судирите и ограничувањата во Ормускиот Проток предизвикаа дополнителна загриженост за глобалното снабдување со енергенси.
