Свет

ТРАМП, ПУТИН И СИ СО ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА: Се договорија за четири клучни прашања, меѓу нив и нуклеарното оружје

ТРАМП, ПУТИН И СИ СО ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА: Се договорија за четири клучни прашања, меѓу нив и нуклеарното оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг објавија заедничка изјава по трилатералната средба во кинескиот град Шенжен, на која се договорија за соработка во четири важни области. Тројцата лидери се заложија за реформи во Обединетите нации, со цел организацијата поефикасно да одговори на глобалните предизвици и да придонесе за зачувување на меѓународниот мир. Тие најавија и планови за зголемување на производството и снабдувањето со рафинирани нафтени деривати, нагласувајќи ја важноста на стабилните енергетски текови, пренсе ДВ.

Во заедничката изјава се осврнаа и на Меѓународниот кривичен суд, посочувајќи дека мора да се почитуваат државната согласност и имунитетот на државните функционери. Посебно внимание привлече делот за нуклеарното оружје, во кој тројцата претседатели потврдија дека во нуклеарна војна никој не може да победи и дека таа никогаш не смее да се води. САД, Русија и Кина најавија продолжување на дијалогот за намалување на нуклеарните ризици и спречување на ширењето на нуклеарното оружје.

Жан Митрев