Свет

КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ХАОСОТ ВО СЕУТА? Гласини на интернет поттикнале десетици илјади мигранти да тргнат кон шпанската граница

Гласини на социјалните мрежи поттикнале десетици илјади мигранти да тргнат кон Сеута, додека Шпанија и Мароко се соочуваат со прашања за одговорноста.

КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА ХАОСОТ ВО СЕУТА? Гласини на интернет поттикнале десетици илјади мигранти да тргнат кон шпанската граница

На социјалните мрежи се ширеле лажни информации

Неконтролираното ширење гласини на социјалните мрежи се посочува како една од главните причини за масовната навала на мигранти кон шпанската енклава Сеута. На интернет се појавиле тврдења дека границата е отворена и дека лицата кои ќе влезат во Сеута ќе можат да добијат документи за престој во Шпанија. Ваквите информации предизвикале десетици илјади луѓе да тргнат кон границата со Мароко, по што шпанските безбедносни служби биле целосно преоптоварени. Во хаосот загинаа најмалку 67 лица, а шпанските власти започнаа да поставуваат пловечка бариера долга околу 500 метри.

Обвинувања кон Шпанија и сомнежи за улогата на Мароко

Шпанската опозиција ја обвини владата на премиерот Педро Санчез дека со најавената легализација на дел од мигрантите испратила погрешен сигнал, но властите тврдат дека новите правила не се однесуваат на новопристигнатите лица. Истовремено, се поставуваат прашања и за реакцијата на Мароко, бидејќи тамошните сили не успеале навреме да го спречат огромниот број луѓе да стигнат до границата. Случајот потсетува на кризата од 2021 година, кога Мароко ги намали контролите во период на дипломатски спор со Мадрид. Повеќе од 48.000 мигранти во меѓувреме доброволно се вратиле во Мароко, но кризата повторно ја отвори дебатата за заштитата на надворешните граници на Европската Унија и за одговорноста на државите во спречувањето масовни и опасни преминувања.

ОЗНАКИ: сеута