Македонија
Дознај прв
ПО ДЕНОВИ ЖЕШТИНИ СЛЕДУВА ПРЕСВРТ: Од четврток се враќаат дождот и грмежите
По температурите до 40 степени, од четврток во Македонија се очекуваат локална нестабилност, пороен дожд и грмежи во попладневните часови.

Температурите денеска ќе достигнат до 40 степени
Македонија и денеска ќе биде под влијание на стабилно, сончево и исклучително топло време, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 20 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 33 и 40 степени. Во Скопје се очекува сончево и многу топло време, со температура до 38 степени. Стабилното и суво време ќе продолжи и во следните денови, а во одредени региони температурите повторно може да надминат 40 степени.
Локални поројни врнежи до крајот на неделата
Промена на временските услови се очекува од четврток, кога во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна облачност. На поединечни места се прогнозираат краткотраен пороен дожд и грмежи. Врнежите нема да ја зафатат целата земја, но во дел од регионите ќе донесат краткотрајно освежување по неколкудневните екстремни горештини. Нестабилните услови се очекува да продолжат до крајот на седмицата.
