Скопје
Дознај прв
НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО НОВО ЛИСИЧЕ: Ќе има современи реквизити и вештачка трева
Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче започна изградба на детско игралиште со современи реквизити, вештачка трева и систем за наводнување.

Започнаа градежните активности покрај „Февруарски поход“
Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ во Ново Лисиче започна изградбата на ново современо детско игралиште. Проектот е дел од најавената изградба на вкупно десет нови игралишта на различни локации низ Општина Аеродром. Новиот простор ќе биде опремен со современи и безбедни реквизити за игра. Предвидено е да биде поставена и подлога од вештачка трева, со цел да се обезбедат подобри услови за најмладите.
Ќе биде поставен и систем за наводнување
Покрај детското игралиште, на оваа локација за првпат ќе биде поставен и систем за наводнување. Од Општина Аеродром велат дека на тој начин ќе се овозможи редовно одржување и зачувување на зеленилото во паркот. Уредениот простор треба да обезбеди безбедна игра за децата и пријатен престој за родителите и семејствата. Од Општината најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат со инфраструктурни проекти за подобрување на јавните површини во сите населби.

