Македонија
Дознај прв
ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВРЕМЕНИ НЕВРЕМИЊА: Пороен дожд, грмежи и град, температурите до 34 степени
Денеска променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град.

Нестабилно попладне
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне на места ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат услови за краткотрајно невреме проследено со силен ветер и појава на град. Температурите ќе се движат од 28 до 34 степени, зависно од регионот. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува.
Во Скопје до 33 степени
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и температура до 33 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. И покрај сончевите периоди, граѓаните треба да бидат внимателни во попладневните часови поради можноста за локални врнежи, грмежи и засилен ветер.
