Дознај прв
СТРАШНА ТРАГЕДИЈА КАЈ ТУРНОВО: Загина 19-годишна девојка која била сопатничка на мотор, а возачот на автомобилот имал 1,75 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ
19-годишна девојка загина во тешка сообраќајка кај Турново. Возачот на автомобилот имал 1,75 промили алкохол, а мотоциклистот немал дозвола.

Моторџиска несреќа со смртен исход
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23:30 часот на магистралниот пат Струмица–Граничен премин Ново Село, во атарот на селото Турново. Во несреќата учествувале автомобил „Сеат Леон“, управуван од 29-годишен струмичанец, и нерегистриран мотоцикл управуван од 19-годишен жител на Иловица. Во судирот животот го загубила 19-годишната К.Ј., која била сопатничка на мотоциклот. Смртта на девојката ја констатирал лекар од Итната медицинска помош, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.
Возачот на автомобилот бил пијан
При увидот било утврдено дека возачот на „Сеатот“ бил под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 1,75 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил лишен од слобода. Полицијата утврдила и дека мотоциклистот го управувал нерегистрираниот мотор без претходно да се стекне со право на управување. Сообраќајот на патниот правец кај Турново бил во прекин во двата правци од полноќ до 2:30 часот. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата девојка било предадено на обдукција.
