Хроника
Дознај прв
СТРАШНА ТРАГЕДИЈА ВО ИРСКА: Пет тинејџери загинаа во директен судир, возеле во спротивна насока
Пет тинејџери загинаа, а четири лица се тешко повредени во Ирска, откако автомобил возел во спротивна насока на автопатот „М9“.

Возило возело спротивно на автопатот
Пет тинејџери загинаа, а уште четири лица се тешко повредени во страшна сообраќајна несреќа во Ирска. Несреќата се случила на автопатот „М9“, откако автомобил се движел во спротивна насока од дозволената. Возилото се движело кон југ по делот од автопатот наменет за сообраќај кон север, по што директно се судрило со друг автомобил. Ирскиот полициски комесар Џастин Кели судирот го опиша како „ужасен“.
Сите петмина загинати биле тинејџери
Полицијата на местото на несреќата ги пронашла телата на пет машки тинејџери, кои биле патници во едното возило. Во другиот автомобил се наоѓале три жени и едно машко дете, кои сите се хоспитализирани со тешки повреди. Кели предупреди и дека во одредени случаи возачи намерно возат во спротивна насока на автопатите за да снимаат содржина за социјалните мрежи и да собираат „лајкови“. Случајот предизвика сериозни реакции во јавноста, додека полицијата продолжува да ги утврдува сите околности на трагичната несреќа.
