Скопје

БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ЦЕНТАР: МЕРКАТА ПРОДОЛЖУВА И ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА

Општина Центар продолжува со бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение, а првачињата ќе добијат и бесплатни ранци.

БЕСПЛАТНИ УНИФОРМИ ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ЦЕНТАР: МЕРКАТА ПРОДОЛЖУВА И ОВАА УЧЕБНА ГОДИНА

Униформи за сите од прво до деветто одделение

Општина Центар и оваа учебна година продолжува со обезбедување бесплатни училишни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во осумте општински основни училишта. Мерката, која беше воведена минатата година, продолжува во учебната 2026/2027 година со цел да се намалат социјалните разлики меѓу учениците и да се создадат еднакви услови во училиштата. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека децата треба да се разликуваат по знаењето, трудот и успехот, а не според облеката што ја носат. Според него, униформите треба да придонесат и за намалување на поделбите и можноста за булинг меѓу учениците.

Пет парчиња облека за секој ученик, ранци и за првачињата

Секој ученик ќе добие комплет од пет памучни парчиња – две маици со јака, две маици со долги ракави и јака, како и еден дуксер со патент. Општината најавува дека мерката ќе продолжи и во наредните учебни години, со што бесплатни униформи ќе добиваат и новите генерации ученици. Дополнително, и оваа година ќе бидат обезбедени бесплатни ранци за сите првачиња запишани во осумте општински основни училишта. Од Општина Центар велат дека целта е секое дете да има еднаков третман и услови за непречено учење и развој.

ОЗНАКИ: униформи