Регион
Дознај прв
ДВАЈЦА ОСОМНИЧЕНИ ПРИЗНАА ВИНА: Шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија почнува да добива разврска
Двајца осомничени за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија признаа вина и добија затворски казни од три години и шест, односно три години и осум месеци.

Двајца од осомничените во случајот со шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија признале вина и склучиле спогодби со обвинителството. За стореното кривично дело, на едниот му е изречена затворска казна од три години и шест месеци, додека другиот е осуден на три години и осум месеци.
Пресудите донесени на 10 август
Основниот кривичен суд Скопје на 10 август донел две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајцата осомничени. Со спогодбите тие признале дека го сториле кривичното дело за кое биле обвинети, по што им биле изречени затворските казни.
Запленети пет тони марихуана
Случајот датира од крајот на јануари, кога српската полиција открила и запленила пратка од пет тони марихуана која пристигнала од Македонија. По случајот, ОЈО ГОКК отворило истрага против шест лица, од кои двајца сега признале вина.
Меѓу уапсените и косопственик на фирма за канабис
Меѓу уапсените бил и српскиот државјанин Иван Драгниќ, кој е косопственик на фирма во Македонија за одгледување медицински канабис, заедно со уште тројца српски државјани. Станува збор за „АЛПХАПХАРМ ГРОУП“ ДОО Скопје, основана во 2023 година, со основна главнина од 529.050 евра.
Осомничените се товарат за кривичното дело „неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“.
