Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИЦИ КРШАТ УРБАНА ОПРЕМА ВО ВЕЛЕС: „Кога го уништуваме заедничкото, се уништуваме самите себе“, реагира градоначалникот Колев
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, објави видео на кое се гледаат малолетници како кршат урбана опрема на спортски терен во ООУ „Васил Главинов“.

Малолетници кршат урбана опрема во Велес – Оштетени тартан подлогата и головите
Градоначалникот на Велес, Марко Колев, објави видео на кое се гледаат малолетници како кршат урбана опрема. Овој пат, како што посочува Колев, мета на несовесното однесување биле тартан подлогата и головите на спортскиот терен во ООУ „Васил Главинов“, наменет за спорт и рекреација на децата и младите.
Штетата ќе ја санира Општина Велес
Колев наведува дека Општина Велес и овојпат ќе ја санира направената штета, но посочува дека секој денар потрошен за поправка на намерно уништена опрема е денар помалку за изградба на ново игралиште, терен, урбана опрема и други инвестиции. Случајот, според него, е пријавен до надлежните институции, од кои се очекува да ги утврдат сторителите и да преземат соодветни мерки.
View this post on Instagram
„Да го чуваме Велес како свој дом“
„Ги охрабрувам младите да бидат пример за оние кои се однесуваат погрешно, а возрасните да разговараат со своите деца и да ги советуваат“, напиша Колев. Тој апелираше за поголема свест и одговорност кон заедничката инфраструктура и ги повика граѓаните да пријават доколку забележат вакво вандалско однесување. „Не можеме да изградиме толку колку што можеме самите да уништиме. Заедно да се грижиме и да се однесуваме одговорно кон околината во која живееме, да го чуваме Велес како свој дом“, порача градоначалникот.
