Хроника
Дознај прв
ЗАТВОРЕНИК СО ЛИСИЦИ НА РАЦЕТЕ ИЗБЕГАЛ ДОДЕКА БИЛ НА СУДЕЊЕ: Полицијата трага по него во Струмица

Затвореник од затворот во Штип во текот на вчерашниот ден избегал за време на пауза од судење во Основниот кривичен суд во Струмица. Откако била дадена пауза, лицето било спроведено од двајца затворски полицајци, а кога побарало да оди во тоалет, на излезот го турнало едниот полицаец и се дало во бегство.
Затвореникот избегал со лисици на рацете. Настанот за „Инфомакс“ го потврдил и директорот на штипскиот затвор, Дејан Здравков. Тој изјавил дека од страна на затворот биле запазени сите законски процедури, но сепак се случил пропуст. Здравков веднаш ги известил МВР и Јавното обвинителство, додека евентуалните пропусти од страна на затворската полиција ќе ги утврдува веќе формирана комисија.
Полицијата веќе трага по избеганиот.
