Хроника
Дознај прв
ЧЕТВРТА ЖРТВА ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Почина 76-годишен пациент

Уште еден пациент со претходно лабораториски потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска починал на Универзитетската клиника за инфективни болести. Станува збор за 76-годишен пациент кој на Клиниката се лекувал 27 дена.
Според директорот Фадил Цана, пациентот имал дополнителни сериозни придружни заболувања и тешка невроинвазивна форма на инфекцијата. Со последниот случај, бројот на починати од оваа болест во земјава се зголемил на четири.
ОТКРИЕНИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Првиот починат пациент е 83-годишен маж од Скопје
Во моментов се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 18 лабораториски се потврдени, а два се водат како суспектни случаи. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика, додека 15 лица досега се излекувани и се отпуштени од Клиниката.
