Хроника
Дознај прв
ОТКРИЕНИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА: Првиот починат пациент е 83-годишен маж од Скопје
83-годишен скопјанец почина од западнонилска треска. ИЈЗ ги објави симптомите со кои започнала болеста и деталите од случајот.

Во Македонија годинава е регистриран првиот смртен случај од западнонилска треска. Станува збор за 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Симптомите започнале на 2 август
Според податоците на Институтот за јавно здравје, првите симптоми кај пациентот се појавиле на 2 август. Тој имал покачена температура, треска, главоболка, општа слабост, како и болки во зглобовите и мускулите.
Дијагностициран и менингитис
Кај 83-годишниот пациент биле присутни и вкочанетост на вратот и нарушена свест, а била утврдена и клиничка слика на менингитис. Дополнително, кај него биле присутни и други здравствени состојби.
Присуството на вирусот на западнонилска треска било потврдено со серолошко испитување на ликворот. Случајот претставува прва пријавена смрт како последица на оваа болест во земјава годинава.
Освен во Македонија, од регионот случаи има пријавено и во Србија, а има и во другите држави.
Извор: 4news
