Регион

ПРВИ СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО СРБИЈА: Двајца повозрасни пациенти се хоспитализирани

Во Србија се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска годинава. Двајца жители на Белград, на 75 и 82 години, се хоспитализирани.

ПРВИ СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО СРБИЈА: Двајца повозрасни пациенти се хоспитализирани

Заболените се жители на Белград

Во Србија се регистрирани првите два случаи на западнонилска треска годинава, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Станува збор за жители на Белград на возраст од 75 и 82 години. Двајцата пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и тропски болести во Белград. Кај нив е развиена невроинвазивна форма на заболувањето.

Здравствените власти повикуваат на заштита од комарци

Од Институтот препорачуваат употреба на средства против комарци, светла облека со долги ракави и избегнување престој на отворено во зори и самрак. Граѓаните се советуваат редовно да ја отстрануваат застоената вода од саксии, кофи, буриња и други садови каде што можат да се размножуваат комарци. Се препорачува и поставување заштитни мрежи на прозорците и престој во климатизирани простории. При појава на сериозни симптоми, здравствените власти советуваат веднаш да се побара лекарска помош.