Македонија

ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Ќе се реализира третата делница од Коридорот 8

Владата ја обезбеди финансиската конструкција за третата делница од пругата Крива Паланка – граница со Бугарија, со поддршка од ЕИБ и ЕБОР.

ОБЕЗБЕДЕНИ СРЕДСТВА ЗА ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА: Ќе се реализира третата делница од Коридорот 8

Потпишани амандмани на договорите за финансирање

Владата ја обезбеди финансиската конструкција за реализација на третата делница од железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија. Денеска беа потпишани амандмани на договорите за финансирање, како и на договорот за грант и проектниот договор. Поддршката за проектот е обезбедена преку Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека со потпишувањето се создаваат услови за непречена и целосна реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата.

Подобра поврзаност и нови можности за економијата

Според Димитриеска-Кочоска, железницата ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, полесно движење на луѓето и стоките и поголема економска интеграција во регионот. Таа нагласи дека Владата во изминатите две години работи на забрзување на проектите што биле наследени во застој, како и на започнување нови инвестиции. Со ребалансот на Буџетот се предвидени 14,3 проценти повеќе средства за капитални расходи. Очекувањата се инвестицијата да придонесе за поголема конкурентност, развој на бизнисот и побрзо вклучување на Македонија во европските транспортни и економски текови.